Пејачката Адел според списанието Билборд е прогласена за уметник на годината, а нејзиниот албум „21“ за најдобар албум во 2012. Како што пренеле медиумите, британската пејачка е првата личност која ги добила двете награди две години по ред. Таа била прогласена и за најдобра пејачка, додека раперот Дрејк за најдобар машки уметник.
Групата “One Direction” била прогласена за најдобар нов уметник, а “Maroon 5” се најдобра група за 2012. Адел оваа година освоила и шест Греми награди и доминирала на американските листи. Нејзиниот втор албум „21„, кој бил објавен во март 2011 година веднаш се нашол на првото место најпродавани албуми а во топ 10 останал се до септември оваа година. Од тоа 24 седмици бил на првото место.