Со концертот во Белфаст, Адел ја започна првата светска турнеја после пет години. Концертот, како и сите на европската турнеја беше распродаден само неколку минути по објавата. Светските медиуми јавуваат дека пејачката носела црн фустан, дека на сцената пиела чај и дека публиката во Белфаст арената била воодушевена, посебно со изведбите на хитовите „Chasing Pavements“, „Rolling in the Deep“, „Someone Like You“, и „Hello“.
Во истата сала пее и вечерва, а потоа турнејата се сели во Даблин, па во Белгија, а американскиот дел ќе почне кон средината на март. Британската пејачка во пет години пауза од работата, беше на операција на грлото и го роди синот Анџело, во 2012 година. Минатата година го објави албумот „25“, кој ги руши сите рекорди во слушаност и продажба.