Адел во последно време имала доста проблеми со гласните жици, а сега одлучила да се исели од Лондон бидејќи се плашела дека смогот од воздухот дополнително и го загрозувал гласот.

Пејачката моментално е во потрага за куќа во западен Сасекс, каде има намера да се пресели за што поуспешно да се опорави од минатомесечната операција на гласните жици. Како што наведуваат добро известени извори, пејачката која оваа година имала најпродаван албум во Велика Британија, била спремна за новиот дом да издвои помеѓу три и четири милиони долари.