Британската пејачка Адел се расплакала во текот на концертот во Антверпен кој го посвети на жртвите од масакрот во ноќниот клуб во Орландо во кој беа убиени 49 луѓе.
„Вечерта би сакала да ја започнам со посвета на целиот концерт на сите во Орландо кои сношти беа во клубот Pulse. ЛГБТ заедницата…. Тие ми се како сродни души кога бев многу млада, па ова силно ме погоди“, вели Адел во видеото кое го снимил посетител на нејзиниот концерт во неделата.
Пејачката Адел, позната по своите хитови за прекините со кои ги освојува врвовите на топ листите, им се извинува на своите обожаватели поради плачот на самиот почеток од концертот, додавајќи дека некои нејзини песни се „несреќни“.
OhridNews
Извор:„Макфакс“