Пејачката Адел се појавила во јавноста со помалку килограми и во друштво на сопругот, а папараците кои ја чекале пред ресторанот едвај ја препознале. Адел во 2012 се породила и на свет го донела првиот син со партнерот Сајмон Конецки. Таа фактички се повлече од јавноста кога остана бремена и ретко даваше интервјуа. Во едно од последните изјавила дека има криза во творечкиот занос, бидејќи животот и е исполнет, а најубавите песни ги пишувала кога била емотивно повредена.

Секогаш истакнувала дека нема проблем со својот изглед. Поради тоа дури и била во конфликт со Карл Лагерфилд, кој изјавил дека Адел е „малку предебела“ за неговиот вкус. Сега Адел се појавила малтене преполовена, па нејзините фанови се надеваат на нови песни и нов албум.