Славната британска пејачка Адел планира да земе петгодишна пауза од музиката како би се посветила на љубовта и семејството, пренесуваат британските медиуми. Популарната пејачка својот актуелен албум „25“ го промовира ширум светот во рамките на својата актуелна турнеја, и одржува дури 105 концерти во Европа и Северна Америка.

 

Меѓутоа, после тоа пејачката е спремна да оди на подолг одмор, кој наводно ќе трае цели пет години, пишува “Daily mail”. Нејзината турнеја ќе заврши во ноември оваа година, а после тоа Адел ќе се посвети исклучиво на синот Анџело и партнерот Сајмон Конецки.