Шармантната британска пејачка Адел Адел веќе е позната по тоа што приватноста максимално ја штити од новинарите и обожавателите, а сега отишла чекор понатаму поставувајќи блиндирани прозорци на својата куќа вредна повеќе од шест милиони долари.

Нејзината одлука е по малку зачудувачка, бидејќи вилата се наоѓа во мирен дел на Лондон, каде живеат и други ѕвезди како Бекамови. Британските медиуми претходно пренеле дека пејачката еднаш дури и изнајмила телохранител, бидејќи била убедена дека куќата во која живее е преполна со духови.