Адел е сигурна во љубовта со своето момче Симон Конецки, па со него веќе ја разгледале идејата да основаат семејство. Британската пејачка била сигурна дека го пронашла вистинскиот човек, па поради тоа не сакала многу да чека за да стане мајка.
Неа ја фатила силна желба за мајчинство, па со него веќе разговарала за тоа да основаат семејство. Извор близок на парот за британските медиуми изјавил дека дека таа би сакала да остане бремена уште оваа година. наводно веќе имала листа со омилени имиња од кои едно ќе избере за своето дете. Симон веќе имал петгодишна ќерка од првиот брак, која Адел едноставно ја обожавала.