Пејачката Адел решила да почне да води здрав живот и драстично да го промени својот физички изглед. Прво ги оставила цигарите, а сега одлучила и да се реши од вишокот килограми. Британските медиуми известиле дека славната пејачка најмила приватен тренер и дека започнала да оди на пилатес.
Креаторот Карл Лагерфелд неодамна Адел ја нарекол дебела, но пејачката на неговите навреди возвратила со зборовите дека никогаш не сакала да изгледа како моделите од насловните страни и дека таа ги претставувала повеќето жени, со што се гордеела.