Британската пејачка Адел родила син, јавиле британските медиуми. Таа и нејзиниот партнер Сајмон Конеки биле многу возбудени поради приновата во нивното семејство. Портпаролот на пејачката не сакал да ја коментира оваа информација, наведувајќи само дека засега нема да има никакво соопштение. Момчето, чие име сеуште не е познато, е прво дете на 24-годишната пејачка, а второ за Сајмон, кој веќе има петгодишна ќерка.
Адел потврдила дека е бремена во јуни, кога на својот официјален блог ја поделила информацијата со фановите. Адел и Сајмон, кој е директор на хуманитарната организација “Drop4Drop” која се бори за пристап на водата ширум светот, се во врска од летото 2011. По големиот успех на албумот „21“, Адел неодамна ја снимила и насловната нумера за новиот филм за Џемс Бонд “Skyfall”.