Рекордите кои ги оствари благодарение на песната “Hello” и последниот албум „25“ ја поставија Адел на уште еден престол, пејачката официјално е прогласена за најуспешен уметник во 2015 година. Организацијата задолжена за глобалната музичка индустрија соопшти дека британската пејачка Адел е најуспешна судејќи по продажбата на својот албум ширум светот. Адел го оствари овој успех иако албумот „25“ го објави дури кон крајот на годината, поточно на 20 ноември.

 

Станува збор за трето студиско издание на музичката ѕвезда. Албумот е објавен после повеќе од четири години пауза и веќе за време на првата седмица рушеше рекорди по продажбата во САД и Велика Британија. Синглот “Hello” за само една седмица беше симнат на интернет повеќе од милион пати. Албумот „25“ е продаден во осум милиони примероци во САД и е само шесто издание кое ја мина оваа граница од 2001 година.