Британската пејачка потврдила дека токму таа ќе ја пее насловната нумера за новото продолжение на филмскиот серијал за Џемс Бонд “Skyfall”. Адел оваа вест ја поделила со своите фанови така што со нив поделила фотографија со музиката за песната која ќе ја пее во филмот “Skyfall”.

Засега сеуште не е познат точниот наслов на нумерата, а во игра биле два наслови, и тоа “Skyfall” и “Let the Sky Fall”. Инаку станува збор за балада која ќе биде доста драматична и во која ќе се содржани голем број дувачки инструменти.