Британската пејачка Адел објавила на својата интернет страница дека е бремена од нејзиното момче Сајмон, и дека го очекува своето прво дете.
-Пресреќна сум што можам да најавам дека Сајмон и јас го очекуваме нашето прво дете.Сакав веста да ја чуете директно од мене. Многу сме среќни и восхитени. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Секогаш Ваша!, напишала пејачката на блогот.