Британската пејачка Адел положила возачки испит. Таа својот успех го поделила со фановите преку друштвената мрежа Твитер. Напишала дека испитот го положила утрово. Започнала да оди на часови по возење во март, бидејќи сакала да го вози својот син Анџело.
Откако добила британска возачка дозвола, таа ќе може да управува со автомобил и додека работи во САД, пренеле британските медиуми. Адел моментално работи на својот нов албум, прв по многу успешниот нејзин албум „21“.