Британската пејачка Адел неодамна одбила да потпише договор вреден 12 милиони фунти, со кој би станала заштитно лице на козметичката куќа Лореал. Адел, која долго време преговарала со Лореал, со својот потпси ќе се придружела на Шерил Кол, Клаудија Шифер, Џенифер Лопез и Бијонсе, кои веќе подолго време работат за оваа куќа.
Меѓутоа, како што тврдат упатени извори, пејачката се предомислила во последен момент, со што челниците на Лореал останале запрепастени, бидејќи станувало збор за огромна сума пари. Оваа одлука можеме да ја поврземе со претходната изјава на Адел, која рекла дека не сака името да и се поврзува со ниту еден бренд, бидејќи сметала дека е срамота да се продаваш самиот себе. Очигледно нема недостаток од парични средства.