Британската пејачка Адел наводно наскоро ќе се вери за своето момче Симон Конецки, пренеле британските таблоиди. Конецки наводно изјавил дека планира да ја запроси пејачката на нејзиниот роденден во мај. Овој пар, кој ја потврдил својата врска во јануари, исто така планира да започне заеднички живот, а и размислувале за деца.
Симон знаел дека Адел е вистинската, а неговите пријатели никогаш претходно не го виделе толку среќен. Пејачката неодамна изјавила дека планира да направи петгодишна пауза од музиката како би се фокусирала на својата врска.