Популарната англиска пејачка и една од најслушаните музички ѕвезди на денешницата, Адел, го прославила својот 24. роденден. Пејачката не сакала да крева врева околу својот роденден, па во друштво на своите најдобри пријатели денот го минала на нејзиниот приватен имот во Лондон.


Просечна ѕвезда на нејзините години за својот роденден би направила незаборавна, голема забава со гласна музика и многу алкохол, но не и Адел. Таа својот роденден го прославила во пријатна атмосфера во друштво на неколку блиски пријатели и малку вино.