Британската пејачка Адел се наоѓа на врвот на листата најбогати млади британски ѕвезди за 2012 година, пренеле британските медиуми. На листата на најбогат музичари помлади од 30 година таа водела со вкупна заработувачка од 20 милиони фунти.
Нејзиното богатство на почетокот на 2011 година изнесувало 6 милиони фунти, пред да го издаде својот втор албум „21“ кој бил продаден во повеќе од 20 милиони примероци ширум светот. Зад Адел се нашле пејачките Шерил Кол, Леона Луис и Кејти Мелуа, кои имале заработка од 12 милиони фунти.