Британската поп сензација Адел стана најбогат уметник во Велика Британија, а нејзиното богатство се проценува на 85 милиони фунти, пренесува порталот “Sunday Times Rich List”. Со само три албуми, 12 синглови и вкупно три светски турнеи зад себе, Адел го постигна она што на многумина не им успеа ни после долгогодишна музичка кариера.

 

Имено, порталот “Sunday Times Rich List” објави дека Адел постави своевиден рекорд со тоа што за само година дена, на листата најбогати музичари во Велика Британија, од 40. место се искачи на првото. Богатството на пејачката се проценува на 85 милиони фунти, а интересно е тоа што Адел богатството го заработи исклучиво бавејќи се со музика. На светската листа најбогати музичари Адел го зазема 30. место, додека Пол Мекартни е прв со богатство проценето на 760 милиони фунти.