Британската пејачка Адел наговестила дека ќе ја сними темата за следниот, 23 по ред филм за Џејмс Бонд, пренеле медиумите. Соул ѕвездата тоа го најавила во интервју емитувано во саботата, кога открила дека во ноември се враќа во студио.


На прашањето на водителот дали станува збор за композиција за филмот за Џемс Бонд, таа објаснила дека ќе сними само една нумера и дека тоа најверојатно ќе биде насловната. Новиот филм за тајниот агент во кината треба да стигне наредната година. За филмот „Зрно утеха“ од 2008 година главната нумера ја снимле Алиша Киз и Џек Вајт.