Адел најави десетгодишно повлекување од сцената, бидејќи сака повеќе време да поминува со синот Анџело, пренесуваат британските медиуми.
Таа истакнала дека не сака да оди на турнеи, туку времето да го поминува со сопругот и синот, кон кого е посебно приврзана. Тој наскоро треба да започне да оди на училиште, што за Адел било причина повеќе да се одлучи на ваков чекор, изјавил извор близок до британската пејачка за магазинот „Сан“.
Ваквиот потег на Адел не изненадува, бидејќи пејачката која од својата музика до сега има инкасирано околу 85 милиони фунти, еднаш веќе се повлече од сцената на пет години.
OhridNews