Пејачката Адел, верувале или не, има голема трема пред настап, поради што била приморана да побара помош од експерт и да оди на хипноза. Колку овие третмани ќе и помогнат ќе видиме на 24 февруари на доделувањето на Оскарите.
Таа на церемонијата според сценариото би требало да ја отпее во живо нумерата „Скајфол“ од истоимениот филм за Џејмс Бонд. Добро упатени извори тврдат дека пред доделувањето на наградите „Греми“ пејачката повраќала од нервоза и не сакала тоа да и се повтори.