Британската пејачка Адел ма свечената церемонија при доделувањето на оскарите во Лос Анџелес ќе ја изведе темата од најновиот филм за Џејмс Бонд ‘Skyfall’. Истоимента тема од филмот, која Адел ја напишала со Пол Епворт, е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра оригинална нумера, пренеле британските медиуми.
Адел рекла дека за неа претставува голема чест што ќе ја пее нумерата на свечената церемонија. ‘Skyfall’ е прва тема за филм за тајниот агент 007 која добила номинација за Оскар по нумерата ‘For Your Eyes Only’ од 1981 година.