Кога модниот дизајнер Карл Лагерфелд за Адел рекол дека е предебела, фановите веднаш застанале во нејзина одбрана. Но, таа сепак се одлучила да „скине“ неколку килограми и се придржувала кон строг режим на слабеење. Пејачката и нејзиното момче Симон Конецки изгубиле по шест килограми во последниве месец дена.
Преминале на вегетаријанска исхрана и секое утро трчале заедно со нивното куче. Адел изјавила дека се чувствува одлично, престанала да пуши цигари и е поздрава од било кога претходно. По се изгледа дека тажните денови ги оставила зад себе и ја чека ведра иднина со нејзиното момче.