Благодарение на емотивните балади Адел стекна светска слава, но не очекувајте уште еден сет срцепарателни нумери на нејзиниот следен албум. Британската пејачка, која во октомври го роди синот Анџело и е во врска со Сајмон Конецки, е толку среќна што има проблем со пишувањето песни за следниот албум.


Пријателите на популарната пејачка велат дека Адел патела од креативна блокада бидејќи се навикнала да пишува песни за болни врски и раскинувања. Нејзин пријател рекол дека најдобро пишува кога срцето и е згазено или кога води емотивни војни. Но сега е во најсреќната фаза од животот, што довело до креативна криза.