Адел и нејзиното момче купиле вила во Брајтон вредна 2,5 милиони фунти. Куќата е во близина на плажата и има фантастичен поглед. Ди џејот Фет Бој Слим, кој со години живее во тој крај, рекол дека Адел одлично ќе се вклопи во соседството.
Човекот од агенцијата за продажба на недвижности рекол дека Адел се вљубила во куќата и веднаш ја купила. Додал дека не била голема како куќата во која пејачката претходно живеела, но имала неверојатен поглед на морето. До минатата седмица Адел во Лондон изнајмувала вила со десет соби. Мислела дека куќата е проколната и едвај чекала да го промени местото на живеење.