Адел предизвика вистинска хистерија меѓу своите фанови кога објави најава за нов албум, која вклучува и дел од нова песна. На нова музика на пејачката чекаме уште од октомври 2012 година, кога ја објави песната “Skyfall”, која е снимена за истоимениот филм за Џејмс Бонд, и која и донесе Оскар. Таа година британската поп сензација го доби синот Анџело, поради кој направи пауза во кариерата, а последниот албум „21“ го објави пред пет години.
Дел од новата песна е емитуван на синоќешната епизода од британскиот „Икс фактор“, а иако слушнаа само 20 секунди од новата песна, фановите преку социјалните мрежи порачаа дека веќе успеала да ги воодушеви, и дека многумина плачеле кога ги слушнале стиховите. Се шушка дека новиот албум излегува следниот месец, и дека Адел премиерно ќе го изведе токму на сцената на „Икс фактор“, но сеуште ништо не е официјално потврдено.