Иако неодамна објави дека го очекува своето прво дете, британската пејачка Адел, е веќе во третото тримесечје од бременоста.

Неодамна објави вест дека со момчето Симон Конецки очекува дете, а сега се дознава дека славната пејачка ќе се породи во септември. Изгледа дека 24 годишната пејачка била во шестиот месец од бременоста кога на официјалната страна напишала дека ќе стане мајка.

Тоа го поткрепува и фактот што не отишла во Америка на доделување на наградите Билборд, а една недела подоцна на лондонските доделувања на награди Ivor Novello се појавила во црн, широк фустан. Пристигнала доцна, и одбила да разговара со новинарите и да се фотографира, иако спрема медиумите секогаш е пријателски настроена.