Британската пејачка Адел изјавила дека планира да направи петгодишна пауза од музиката како би се фокусирала на својата врска, бидејќи како што рекла во минатото во прв план ја ставала својата кариера, па секогаш доживувала неуспех на приватен план. Таа за американското издание на „Вог“ рекла дека постојано работела и нејзините врски не успевале. Додала дека сега има доволно време да напише албум со весели песни и да биде среќна и сакана.


Исто така потврди дека сака да се омажи и да има деца. Таа  изјави дека е добра девојка, сака да готви, да се смее и да ужива во сексот. Адел на овогодинешното доделување на наградите Греми, на кое триумфираше со освоени шест награди, настапи за прв пат по операцијата на гласните жици.