Откако оваа година два пати ја откажала турнејата низ САД поради проблеми со гласот, Адел одлучила да се подлегне на операција на гласните жици. Продукциската куќа “Columbia Records” објавила дека популарната пејачка Адел некое време ќе мора да одмара од пеењето. Таа наскоро ќе одела на операција, која би требало да ги отстрани сите нејзини проблеми со грлото.
Во соопштението за јавноста пишувало дека ѕвездата ќе мора во потполност да закрепне пред да се врати на своите работни обврски. Адел ги откажала сите настапи до крајот на годинава. Кога дознала дека ќе мора да се оперира, таа изјавила дека нејзина единствена опција е потполно да закрепне, бидејќи во спротивно би ризикувала трајно да го оштети својот глас.