Пејачката Адел изминатава година била многу успешна на деловен план, но немала баш среќа во љубовта. Сепак, 2012 година ја дочекала во друштво на ново момче. Ѕвездата била видена на Флорида во прегратки на Сајмон Конека, управник на британски хуманитарни организации. Иако нејзините обожаватели се надевале дека уште долго ќе остане несреќна во љубовта, бидејќи тогаш ги прави најубавите песни, Адел сепак пронашла љубов во 36-годишниот Сајмон.

Вљубениот пар за време на празниците се одморал на тајна локација на Флорида, но сепак не успеале да се сокријат од папараците. Биле фотографирани додека разменувале нежност  и немало никакво сомнение дека се нешто повеќе од пријатели. Сајмон е на чело на хуманитарната организација “Drop4Drop”, која се бори против недостатокот на вода ширум светот.