Британската пејачка Адел и нејзиниот колега Роби Вилијамс наводно ќе снимат дует кој ќе се најде на неговиот следен албум. Адел, чија нумера “Skyfall” осви Оскар во категоријата за најдобра оригинална нумера, соопштила дека размислува за тоа заедничката нумера да се најде на неговиот албум. Извор за британските медиуми рекол дека тие сериозно размислуваат за идејата, а покрај тоа се и добри пријатели и за дуетот разговарале кога таа била во Лос Анџелес на доделувањето на Оскарите.

Роби Вилијамс досега снимил дуети со Кајли Миног, Руперт Еверт и Џејн Хорокс, додека Адел досега не снимила ниту еден дует и претходно се изјаснувала дека не сака да снима дуети, но кога би морала да бира, би го снимила токму со Вилијамс.