Тоа бил голем ден за славната британска пејачка Адел на која животот целосно и се промени по едно раскинување кое ја иснпирирало за песните на успешниот албум „21“. Оттогаш се тргна на подобро, а освен што постигна голем успех, Адел среќно се вљуби во музичкиот продицент Симон Конецки на кој му го роди синот Анџело.
Таа добила одликување на Велика Британија за придонес во музиката, а за таа пригода носела фустан на Стела МекКартни чија вредност е 1000 фунти. Освен тоа, својот кралски стајлинг го надополнила со посебен кралски маникир, односно две мали круни на нејзините сино обоени нокти. Позната по својата духовитост и заразна насмевка, Адел лесно освојува се пред себе. Рекла дека е почестена што била препознаена и дека тоа бил момент на кој многу се гордее.