Репрезентативецот на Того, Емануел Адебајор е новото засилување на Реал Мадрид, откако Манчестeр Сити реши да го позајми овој фудбалер на „Кралскиот клуб“, соопштено е на веб страната на Реал Мадрид.
Адебајор ќе биде позајмен на Реал до крајот на сезоната, а потоа двата клуба ќе се договорат за судбината на 26. годишниот фудбалер, кој веќе подолго време е незадоволен од својот статус во Сити.
Во Реал Адебајор доаѓа како замена на Аргентинецот Гонзало Игуаин, кој поради операција на грбот нема да игра до крајот на сезоната. На доведувањето на Адебајор инсистирал самиот Жозе Мурињо, откако пропадна обидот за враќање на Руд ван Нистелрој.
Адебајор професионалната кариера ја започна во француски Мец, потоа играше за Монако, а интересот на светската јавност го привлече со настапите за Арсенал, каде што во 104 настапи постигна 46 голови. Во Сити е од 2009. година и во 34 натпревари постигна 15 голови.
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com