Трансферот на Ману Адебајор во Ман Сити од Арсенал, се очекува да ја отвори влезната врата за Горан Пандев во Арсенал.
Деновиве во англиските медиуми се појави веста дека Венгер е заинтересиран во своите редови да го доведе македоснкиот напаѓач од Лацио, а по заминувањето од “Емирати“ на Адебајор, Пандев се очекува да биде решението во напдот на топчиите.
Единствениот проблем е контраверзниот преседател на Лацио, Клаудио Лотито, кој не сака да чуе за сума под 19 милиони евра, што во моментов е премногу за лондончани.
Пандев има само уште една година од договорот со Лацио, што значи дека ако Лотито сезонава не го продаде напаѓачот, следната сезона тој ќе може да си замине без никакво обештетување и Лацио нема да добие ни едно евро од трансферот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com