Комичарот Адам Сендлер оваа година можеби не е кандидат за Оскар, но поставил нов рекорд по бројот на номинации за најлош филм во 2011 година. Продуцентот, актер и сценарист добил 11 номинации за Златна Малина, меѓу останатите за најлош актер, најлоша актерка, сценарио и филм. Неговата комедија “Jack & Jill”, во која тој игра и машки и женски улоги води на пописот за најлоши филмови. Сендлер одбил да ги коментира овие случувања.


Дури и Ал Пачино, еден од најдобрите актери, во неговиот филм “Jack & Jill” бил прогласен за лош, како и оскаровката Никол Кидман во филмот “Just go With It”. Николас Кејџ бил номиниран за најлош актер во 2011 за појавувањата во филмовите ” Trespass”, “Season of the Witch” и “Drive Angry 3-D”.