Пејачот Адам Левин, фронтменот на групата “Maroon 5”, бил прогласен за најсексипилен маж на светот од страна на списанието Пипл. Музичарот кој има 34 години и е во врска со манекенката Бехати Принслу, рекол дека е збунет од признанието. Рекол дека како музичар фантазирате за освојување Греми, но никогаш не верувал дека ќе освои ваква награда. Потполно бил збунет и шокиран.
Меѓу претходните добитници на ова ласкаво признание се Бред Пит, Џони Деп, Ченинт Татум, Џорџ Клуни, Рајан Рејнолдс и Мет Дејмон. Со греми наградената група “Maroon 5” го објавила својот четврти албум минатата година, а познати се по хитовите “This Love”, “She Will be Loved”, “Moves Like Jagger”. Левин се пробал и како актер во серијата „Американска хорор приказна“ и фолмот „Can A Song Save Your Life” во кој игра со Кира Најтли и Марк Руфал.