АД „Галеб“ празнично и пријатно ги изненади студентите кои ги користат услугите на ова превозно претпријатије. Имено од 26 декември „Галеб„ воведе посебни билети со попуст за студенти, кои во иднина ќе плаќаат 12% поевтини билети за патување во Македонија, односно 10% поевтини билети за патување со „Галеб“ во странство.

„Поради намалувањето на трошоците во работењето, падот на цената на горивото, како и поради очекуваните негативни ефекти од светската економска криза, АД „Галеб“ им излегува во пресрет на студентите кои се наши најредовни патници“, ни изјави Димитар Василевски, раководител на сектор во најголемото и најреномирано автопревозно претпријатије во Охрид.

Василевски појасни дека попустот ќе важи исклучиво со индекс, а поевтини билети студентите ќе може да купат во сите автобуски станици кон кои сообраќа АД „Галеб“ во и надвор од земјата.

Ohridnews