Најголемиот автопревозник кај нас, АД „Галеб“ Охрид, информира дека за новогодишните празници ќе работи со редуциран возен ред во градскиот и приградскиот сообраќај. Исто така редуциран возен ред ќе има и во меѓуградскиот сообраќај.

На 1 и 2 јануари на градско-приградските линии автобусите на „Галеб“ ќе сообраќаат како во недела, со тоа што на 01.01.2019 возниот ред започнува во 07.30 часот. Ова важи за сите наши кооперанти на градско-приградските линии.

На 31.12. нема да се вози во 19 часот за Скопје, т.е. последно поаѓање од Охрид за Скопје ќе биде во 17.45 часот.

На 31.12. нема да има поаѓања за и од Белград, а од 01.01. оваа линија ќе функционира во стандардните термини, во нормален ред и секојдневно.

На 01.01. откажани се поаѓањата во 05.30 и 07.30 за Скопје, како и тие во 06 и 08 часот од Скопје за Охрид.

На 01.01. откажани се поаѓањата во 06 часот за Кочани и во 08.15 часот за Битола.- информираат од АД „Галеб“.

АД „Галеб“ на сите свои патници, коминтенти и вработени им посакува среќни новогодишни и божиќни празници.

OhridNews