Комисијата за хартии од вредност даде зелено светло на АД ЕМО Охрид, да пушти во продажба втора емисија на акции.

Според МК-Фондови, ќе бидат издадени 247.285 обични акции, чија што номинална вредност изнесува 7.586,80 евра, односно 464.038.461,92 денари.

Цената по којашто ќе се нудат овие акции е 30,68 евра или 1.876,53 денари по акција.

Средствата кои ќе бидат собрани од втората емисија на акции на оваа компанија ќе бидат наменети за Конверзија на обврските на ЕМО АД кои Владата на РМ, во износ од 464.038.461,92 денари, за зголемување на Акционерскиот капитал.

Ohridnews