Ракометарот Ацо Јоноски не ја заборави родната Струга и активно се вклучи во подобрувањето на условите за учениците во „Јосип Броз Тито“. Јоноски во соработка со германска хуминатарна организација „Interaktiv Schule Sport Soziales“ пушти еден камион школски инвентар кој ќе биде наменет за сите ученици.
Со големо задоволство ви најавувам дека првиот камион со школски инвентар (хуманитарна донација) е веќе на пат кон Струга. Морам да изразам благодарност до “Interaktiv Schule Sport Soziales”, за ангажираноста и довербата. Се надевам дека ова нема да биде последна акција од ваков вид и искрено се надевам дека нема да добие политички епилог бидејќи се работи исклучиво за хуманитарен проект. – изјави Јоноски.
Јоноски веќе неколку години е во Германија, каде ја извршува функацијата тренер-играчи во Ракометниот клуб Ратинген.
OhridNews