Сува и топла зима предвидуваат метеоролозите на AccuWeather за подрачјето на Балканскиот полуостров.
Откако делови од Балканот во август беа погодени од тешки поплави, се очекува сува зима од вообичаеното, како и значително потопла.
Олујните бранови кои ќе доаѓаат до овие подрачја ќе бидат генерално со слаб интензитет и нема да предизвикуваат дополнителни промени.
Дури и количеството снег што се очекува на планините на Балканот ќе биде под нормалното ниво за зимскиот период.
Исто така, се очекуваат пократки или дури воопшто и не се очекуваат долги периоди со температури под нулата, бидејќи полињата со висок притисок во тој период ќе служат како заштита на Балканот од студениот арктички воздух.
OhridNews
извор:„Макфакс“