Гитаристот Малком Јанг кој има 61 година се повлече од „AC/DC“ како би се фокусирал на своето здравје, соопшти австралискиот рок бенд на својата фејсбук страница. Во соопштението е наведено само дека еден од основачите на бендот е со нарушено здравје. Други детали нема. Во соопштението е наведено дека Малком сака да им се заблагодари на обожавателите ширум светот на нивната бескрајна љубов и поддршка. Бендот ќе продолжи да прави музика.
Јанг со „AC/DC“ настапувал 40 години. Неговиот пријател Марк Гејбл за локалните медиуми изјавил дека се сомнева дека гитаристот во иднина нешто ќе сними. Изјавил дека работата не е во тоа што не му е добро, туку дека ситуацијата била прилично сериозна. Додал дека веројатно повеќе нема да може да снима.