Рускиот милјардер Роман Абрамовиќ на својата вереница Дарија и подари дел од месечината за да му прости бидејќи поради финансиската криза морал да ја одложи венчавката.
Дарија (26) неодамна се пофалила на пријателите дека ќе се венча во октомври, но се поголемата криза на европските и светските берзи ја одложила венчавката.
Рускиот тајкун затоа на својата сакана за утеха и купи необичен подарок, парцела на месечината. До сега парцели на месечината имаат купено околу 3 милиони луѓе меѓу кои и поранешниот американски претседател Џими Картер, глумците Том Круз и Џон Траволта.