Рускиот милијардер, Роман Абрамович, пројавил интерес за купување на еден од најатрактивните делови од охридско крајбрежје кај селото Љубаништа, објавува во најновиот број неделникот „Капитал“.

Според весникот сопственикот на Челзи преку посредници се распрашувал за состојбата на имотите на жителите на потегот од селото до комплексот Св. Наум кој е на црковно земјиште. Рускиот тајкун, наводно, таму планирал да изгради елитна туристичка населба на површина од 250 хектари. Но, најголем проблем претставувале  нерешените имотно-прани односи, бидејќи за третина од земјиштето се водела постапка за денационализација. Весникот се повикува на изјави на сопственици на имоти во Љубаништа, кои наводно биле советувани од руски претставници да се здружат и побрзо да ги решат имотно правните односи со државата. Доколку оваа сензационална најава се оствари се претпоставува дека во охридскиот туризам ќе бидат инвестирани 700 милиони евра.

Ohridnews