Рускиот милијардер Роман Абрамобич го купил хотелот Варсано во престижниот туристички кварт Неве Чедек во Тел Авив за 25 милиони долари. Како што пишуваат израелските медиуми, тој хотел е првата недвижнина која Абрамович ја стекнал на територијата на еврејската држава. Медиумите наведуваат и дека Абрамович го купил и земјиштето кое му припаѓа на хотелот со вкупна површина од 1500 квадратни метри.

 

Се претпоставува дека Роман хотелот Варсано ќе го претвори во своја приватна резиденција, каде ќе биде сместен за време на својот престој во таа земја. Според порадтоците на медиумите, милијардерот има намера да го прошири хотелот. Се наведува дека во последниве 12 месеци Абрамович купил четири израелски проекти, од кои едниот развива батерии за смартфони кои се полнат во рекорно краток рок.