„Да можам, би ја купил цела Тоскана! Тоа е преубав регион кој одлично го познавам. Тоскана во себе има нешто волшебно. Ми се допаѓа и островот Елба, но за мој вкус е малку пренатрупан“ – изјавил рускиот милјардер Роман Абрамович за британскиот Стар.
Еден од најбогатите луѓе на светот во опуштен разговор раскажувал како е опседнат од Тоскана, исто како и неговата млада вереница, 36 годишната Дарија Жукова. Веќе почнува да се зборува дека парот би можел да се предомисли наместо во Лондон да се венчаат во Тоскана.
Абрамович, пишува Стар, во последно време одлучил да вложи во тосканските лозја, а неговата идна сопруга е одлична познавачка на тосканските вина. Во еден од своите подруми има 3.000 буриња одбрани вина од тосканските винари.
Велат дека всушност убавата Дарија го заинтересирала 41 годишниот вереник за овој регион. Навистина, не може да ја купи цела Тоскана, но може некоја од тамошните вили или дворец. Веќе се споменува за здание во близина на британска ѕвезда, Стинг.