Сопственикот на Челси Роман Абрамович целосно бил вклучен во се она што се работи во клубот и не планирал да прифати „ефтини понуди“, тврди директорот Брус Бак. Рускиот тајкун, минатата година, имаше проблеми со обновувањето на британската виза, а од почетокот на оваа сезона ниту еднаш не бил забележан на трибините на „Стемфорд Бриџ“.
Англиските медиуми неколку пати ја отвораа темата дека Абрамович бил подготвен да го продаде клубот.
- Никогаш тоа не сум го слушнал од Абрамович. Поради политичката ситуација постојат луѓе кои мислат дека можат да го купат Челси. Немаме што да им кажеме. Господинот Абрамович цело време е вклучен во работењето на клубот. – рекол Бак.
Челси одлично играат оваа сезона иако поради суспензијата од ФИФА, во летниот преоден рок не беа активни на трансфер-пазарот.
Новиор менаџер Френк Лампард за краток период успеа да внесе во првиот тим неколку млади играчи од клупската академија.
- Абрамович е среќен што играчи од академијата добија шанса да се докажат. Тој е еден од ретките сопственици што бил на многу натпревари на младинските селекции. – додал Бак.
Челси во моментов се наоѓаат на четвртото место во Премиер лигата.
OhridNews