Продолжува негативниот тренд на крајно деструктивно однесување и неодговорен однос кон животната средина и општото добро.
Додека деновиве се заменуваа уништени делови од дрвореди низ градот, а на „Македонски Просветители“ се сади нов, се кршат младите дрвја на бул. „Туристичка“.
Ова е последен во низата лоши примери кои го потврдуваат ниското ниво на еколошка свест во заедницата. Од една страна на социјалните мрежи се искажува наводна загриженост за недостаток на зеленило во градот, се критикуваат зелените политики и замената на старите дрвореди на булеварите и улиците, бетонизацијата, недостигот на зеленило, комуналната хигиена, загадувањето…, а од друга страна, во реалноста, освен крајно негативни, ретки се позитивните примери кои покажуваат дека навистина ни е грижа за животната средина и еколошките прашања, со ретки исклучоци. Недоволно.
Г.М.