Охридскиот третолигаш Охрид Лоте продолжува со засилувањата за вториот дел од сезоната.Амбициозниот охридски третолигаш во преодниот период благодарение на заложбите на преседателот на клубот Климе Лотески ги осигура услугите на напаѓачот Аце Толески, потоа голманот Енис Абди кој доаѓа од струшки Влазними како и поранешниот капитен на Охрид ,Кристијан Димоски.
– Пласман на првото место во регионот и пласман во Втората лига е наша цел. Со овие нови фудбалери мислам дека сме уште поблиску до исполнување на истата -ни рече преседателот на клубот Лотески.
Во првото коло од пролетниот дел од сезоната Охрид Лоте ќе игра против Хераклеа на гости, додека лидерот на табелата Караорман му гостува на Кораб во Дебар.
По првиот дел од шампионатот Караорман има пет бода предност во однос на Охрид Лоте. Само прво пласираната екипа обезбедува пласман во баражот за Втората МФЛ.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com